ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – Изгореа БМВ и камион
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје

Фото: Принтскрин
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
CATEGORIES Македонија


