ВЛАДАТА НАЈАВУВА – Вонредни контроли на сите фирми за медицински канабис

Владата наложи 45-дневен рок за извештаи од вонредните контроли на фирмите за медицински канабис.

ВЛАДАТА НАЈАВУВА  – Вонредни контроли на сите фирми за медицински канабис
Фото: Принтскрин

Владата одлучи да се спроведат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис.

Институциите се задолжени, во рамки на своите надлежности, да преземат сите законски мерки и да извршат контроли на сите правни лица со дозвола за одгледување и производство на медицински канабис. Извештај од контролите треба да биде доставен до Владата во рок од 45 дена, соопшти владината портпаролка, Венера Азизи.

Исто така, Владата ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Комисијата, формирана во 2017 година, до сега не била активна и нема резултати. Владата ќе бара редовни извештаи за нејзиното работење, истакна Азизи.

CATEGORIES
TAGS
Share This