СКОК ЗА ЧЕТИРИ МЕСТА – Македонија напредува на европската ранг-листа во ракомет
Македонската репрезентација сега се наоѓа на 15. место во Европа

Фото: Принтскрин
Македонската ракометна репрезентација забележа напредок од четири позиции на најновото рангирање на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
„Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. место, благодарение на добрите настапи на Европското првенство во ракомет 2026 година, одржано во јануари.
На врвот на ранг-листата се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се уште и Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија.
Пред Македонија се Шпанија, Холандија, Швајцарија и Австрија.
CATEGORIES Ракомет


