АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ – За една недела 4.991 сообраќајни прекршоци

Најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина

АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ – За една недела 4.991 сообраќајни прекршоци
Фото: Принтскрин

Во текот на изминатата недела, преку системот „Безбеден град“ биле регистрирани вкупно 4.991 сообраќаен прекршок, од кои најголемиот дел – 4.674 – се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

Во периодот од 2 до 8 февруари 2026 година, камерите од системот „Безбеден град“ на подрачјата на Скопје, Тетово и Куманово, како и на сообраќајните коридори каде што се поставени, евидентирале вкупно 4.991 прекршок. Од нив, 641 мерка се изречени за возачи кои управувале возила со странски регистарски ознаки.

Покрај прекршоците за брзо возење, регистрирани се и 163 случаи на минување на црвен семафор, како и 154 прекршоци за управување со возило со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Во овој период изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, при што 163 се однесуваат на минување на црвено светло, а 125 на пречекорување на дозволената брзина.

Во рамки на дозволеното законско отстапување на брзината на движење, толерирани биле 22.434 возила.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

CATEGORIES
Share This