ДУХОТ НА АНКОРИЏ – Можности за решавање на украинскиот конфликт
Песков објасни дека „духот на Анкориџ“ претставува збир на договори меѓу Русија и САД.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „духот на Анкориџ“ претставува збир на меѓусебни договори меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, кои можат да доведат до пробив во решавањето на украинскиот конфликт.
„Постои цела низа договори што беа постигнати во Анкориџ, а кои веќе беа објавени пред самиот состанок, за време на пристигнувањето на г-дин Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател. Токму овој збир на договори го претставува ‘духот на Анкориџ’“, појасни Песков.
Тој додаде дека поради овие договори се јавила потребата за одржување на состанок на највисоко ниво, а Русија и САД веќе работат на спроведување на договорот постигнат од претседателите на двете земји во Алјаска.
Според Песков, договорите од самитот во Анкориџ се фундаментални и имаат потенцијал да го унапредат процесот на решавање на украинскиот конфликт. Кремљ, сепак, не сака јавно да навлегува во деталите, нагласувајќи дека дискусиите треба да се водат зад затворени врати.
Преговорите меѓу претседателите на Русија и САД се одржаа на 15 август во воената база Елмендорф-Ричардсон, близу до Анкориџ. Рускиот лидер претходно истакна дека Москва е посветена на долгорочно решение на украинскиот конфликт, но тоа може да се постигне само ако се отстранат основните причини за конфликтот, заканите по националната безбедност од проширувањето на НАТО и угнетувањето на рускојазичното население во Украина.
Москва, како што потсети Песков, постојано ја нагласува својата отвореност за дијалог, останувајќи на платформата договорена во Анкориџ.


