РЕКОРДНА ДРОГА ЗАПЛЕНЕТА ВО МАКЕДОНИЈА – Одземени околу 27 тони марихуана
Акцијата на МВР и ОЈО ГОКК траеше цел ден и опфати повеќе локации во Скопје и Струмичко

Полицијата вечерва ја привршува заплената на речиси десет тони марихуана во Скопје, која е поврзана со претходно одземените пет тони во Србија. Дрогата била складирана во кругот на фирма инволвирана во случајот со нелегалниот шверц бирифраат извори од МВР за Национал.
Паралелно со оваа акција, според истите извори, се спроведува и втора полициска операција на локации надвор од Скопје, при што се запленуваат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, оваа заплена се реализира на подрачјето на Струмица.
Акцијата, која трае во текот на целиот ден, ја спроведува Министерството за внатрешни работи по насоки на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа, вкупно се одземаат околу 27 тони марихуана, што според досегашните информации претставува најголема заплена на дрога во Македонија за која досега е информирана јавноста.


