ПУТИН ПРОГЛАСИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРЕКИН НА ОГНОТ Зеленски не му верува
Денеска престедателот на Русија Владимир Путин објави 30-часовен прекин на огнот на фронтот во Украина по повод Велигденските празници пренесуваат руските медиуми

Денеска престедателот на Русија Владимир Путин објави 30-часовен прекин на огнот на фронтот во Украина по повод Велигденските празници пренесуваат руските медиуми.
Поточно, според искажаното од Путин, рекинот на огнот ќе трае до полноќ, од недела кон понеделник. Истовремено Путин потенцираше дека Руската војска треба да биде будна и подготвена да одговори на можни прекршувања на примирјето од страна на непријателот.
„Текот на примирјето ќе ја покаже подготвеноста на режимот во Киев за желбата и способноста прашањето да се реши по мирен па – рече Путин.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски искажа недоверба за објавенот примирје од страна на Путин, пренесува ДПА. Зеленски во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за манипулација на Путин, но, тој не откри дали примирјето е прифатливо за Киев.

