ТРАМП ПРЕДУПРЕДУВА – Насилна реакција доколку се нападнат христијаните
Трамп рече дека сегашниот мандат ќе ги надмине достигнувањата од првиот, со економски и политички успеси.

На Националниот молитвен појадок во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп се обрати пред присутните и истакна дека ќе реагира силно доколку христијаните се нападнат.
„Не е убаво да се каже, но е вистина“, додаде тој.
Трамп нагласи дека неговиот сегашен мандат ќе ги надмине достигнувањата од првиот:
„Имавме одличен прв мандат. Економијата беше најголема во историјата, но овој мандат ќе го остави тоа зад себе“, рече претседателот.
Тој се осврна и на состојбата со миграцијата во Европа:
„Имиграцијата ги направи многу од овие земји непрепознатливи, и би сакал да ги видам ‘исчистени’. Скоро нема да можат да го решат тоа“, нагласи Трамп.
Американскиот лидер исто така посочи дека европските политики за енергија и имиграција имаат разорно влијание врз регионот.

