ОД ХОЛИВУД ДО КРАЛСКИОТ ДВОР – Архивата на Епштајн достапна за јавноста

Имињата на политичари, милијардери и ѕвезди од Холивуд се на повидок

ОД ХОЛИВУД ДО КРАЛСКИОТ ДВОР – Архивата на Епштајн достапна за јавноста
Фото: Принтскрин

Додека светските сили внимателно го следат развојот на настаните, Министерството за правда на САД направи чекор што предизвика глобален шок и дел од документите поврзани со случајот Џефри Епштајн се јавно достапни. Тоа значи дека секој со интернет-пристап може самостојно да пребарува низ илјадници страници и да види кои имиња се појавуваат во досиејата поврзани со еден од најконтроверзните скандали во современата историја.

Иако Епштајн не е повеќе жив, неговото наследство продолжува да ја потресува светската елита. Документите, кои со години беа недостапни за јавноста, отвораат нови прашања за тоа како функционирала неговата мрежа и кои сè личности биле во контакт со него.

Меѓу илјадниците страници што веќе се анализираат, се појавуваат имиња од различни сфери на моќ и влијание – политика, шоу-бизнис, бизнис и наука. Меѓу најчесто споменуваните се принцот Ендру, член на британското кралско семејство, чие име долго време се поврзува со случајот, Бил Клинтон, поранешен претседател на САД, споменуван во документите во различни контексти, Доналд Трамп, неговото име се појавува во стари контакти и сведоштва од периодот кога бил во релации со Епштајн, Дејвид Коперфилд и Кевин Спејси, познати имиња од светот на забавата, Бил Гејтс и Стивен Хокинг, личности од науката и технологијата, споменати во врска со состаноци и настани.

Важно е да се напомене дека споменувањето во документи не значи автоматски вина, но отвора сериозни прашања што јавноста сè погласно ги поставува.

Базата на податоци со материјали поврзани со случајот е објавена на официјалната веб-страница на Министерството за правда на САД (DOJ). Преку вградените алатки за пребарување, корисниците можат да прелистуваат судски поднесоци, сведочења, електронска преписка, белешки и интерни документи и податоци за летови и движења.

Пребарувањето се врши така што треба да ја посетете официјалната веб-страница на Министерството за правда на САД, го отворате делот со архивирани документи, внесувате име или клучен збор во полето за пребарување и филтрирајте по тип на документ или формат (PDF, преписка, сведоштва)

Резултатите, според многумина, се вознемирувачки и отвораат сосема нова перспектива за тоа како оваа мрежа функционирала со години.

Документите не содржат само имиња, туку и детали за логистиката, контактите и начинот на работа на мрежата на Епштајн – информации што фрлаат светло врз прашањето како е можно ваков систем да постои толку долго без сериозни последици.

Јавноста сега има можност сама да истражува и да донесе сопствени заклучоци.

CATEGORIES
Share This