КУЛТУРНИ ПРОЕКТИ ЗА СКОПЈЕ 2028 ГОДИНА – Градот го отвори првиот јавен повик

Проектите треба да имаат европска димензија и трајна вредност за градот

КУЛТУРНИ ПРОЕКТИ ЗА СКОПЈЕ 2028 ГОДИНА – Градот го отвори првиот јавен повик
Фото: Принтскрин

Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Целта на овој повик е идеите да прераснат во реални, одржливи и европски релевантни културни проекти, кои нема да траат само една година, туку ќе остават долгорочна вредност во градот, заедниците и целокупниот културен екосистем.

Бараме проекти со силен концепт и јасна европска димензија, општествена и културна вредност, професионална реализација и подготвеност за работа во комплексен и динамичен процес

Процесот на селекција во првата фаза ќе ја спроведува независното тело Скопје 2028, според формалните и квалитативните критериуми од јавниот повик додека пак втората фаза ќе ја спроведува Главното жири, составено од двајца домашни експерти, уметничкиот раководител и двајца меѓународни експерти од Европската Унија, согласно насоките добиени по консултација со администрацијата во Брисел

Избраните проекти ќе станат дел од официјалната програма на „Скопје 2028“ и ќе се реализираат низ целиот град и во сите десет општини, како во институционални простори, така и на јавни локации.

Ова е само првиот од неколкуте повици што ќе бидат објавени во иднина.

Аплицирајте тука: https://skopje2028.mk/apply/

CATEGORIES
Share This