ПРОТЕСТЕН МАРШ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ – Нашите деца беа убиени од алчност
Нашите деца беа убиени од алчноста, правдата мора да излезе на виделина

Семејствата, роднините и другаритe на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кoчани, заедно со стотици граѓани, денеска по третпат излегоа на протестен марш низ улиците во градот.
Маршот беше насловен „Задоцнета реакција“, а родителите на загинатите рекоа дека полицијата не интервенирала навремено и побараа одговорност.
„Нашите деца беа убиени од алчноста, правдата мора да излезе на виделина“ – рекоа семејствата на загинатите.
Утре, наместо да кршиме јајца дома, ние ќе појдеме на гробишта и таму ќе ви донесеме јајца на вашите вечни почивалишта. Правда мора да има – порачаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“, на денешниот протестен марш.
Со фотографии од своите најмили во рацете, побараа одговорност. Маршот започна од Паркот на револуцијата, а потоа поворката се упати кон трговскиот центар, каде пред кафе-барот на сопственикот на дискотеката застанаа и со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите.
Потоа продолжија кон општинската зграда, каде ги пречека в.д. градоначалникот Венко Крстевски, кој им порача дека правда мора да има. Маршот заврши пред зградата на Основното обвинителство во Кочани, а родителите најавија дека протестите ќе продолжат и понатаму – секоја сабота, во 12 часот и 5 минути.
Маршот беше насловен „Задоцнета реакција“, а родителите на загинатите рекоа дека полицијата не интервенирала навремено и побараа одговорност. Во пожарот загинаа 62 млади и деца, а околу 200 беа повредени.

