НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ – Поскапува дизелот, бензините без промени

Новите максимални цени ќе важат од 3 февруари од 00:01 часот

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ – Поскапува дизелот, бензините без промени
Фото: Национал

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои во просек растат за 0,77% во однос на одлуката од 26 јануари 2026 година.

Според РКЕ, референтните цени на светските пазари бележат пораст во споредба со претходната пресметка: кај бензините во просек за 2,433%, кај дизел горивото за 4,757%, кај екстра лесното масло за 3,829%, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 5,973%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денари по килограм и ќе изнесува 33,885 денари/кг.

Од 3 февруари 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе бидат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 72,00 денари/литар, Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 74,00 денари/литар, Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 денари/литар, Масло за горење – екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,00 денари/литар и Мазут М-1 НС: 33,885 денари/килограм.

Станува збор за максимални цени што ќе важат од наведениот термин.

CATEGORIES
Share This