ТВРДИНАТА НА САМУИЛ – Симбол на светлина и надеж
По шести пат Самуиловата тврдина во февруари ќе свети во четири бои.

Фото: Принтскрин
Кога сонцето ќе се повлече зад Охридското Езеро, старите ѕидини на Самуиловата тврдина нема да исчезнат во темнината. Шести пат овој февруари, тврдината ќе се облече во палета на бои – зелена, сина, розова и виолетова.
Ова не се само светла – тоа се светилници на надеж за сите наши сограѓани, пријатели и деца кои, во тишина, водат најтешка битка со ретки дијагнози.
Посебна благодарност до Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, Планинската спасителна служба Охрид и Црвениот крст Охрид за нивната посветеност и помош во реализирањето на ова волшебно осветлување!
CATEGORIES Култура

