СПОРТИСТИ И ТИМОВИ НА ГОДИНАТА – Најуспешните добија признанија

На свечена церемонија во Скопје беа доделени признанијата за најдобрите спортисти, тимови и федерации за 2025 година

СПОРТИСТИ И ТИМОВИ НА ГОДИНАТА – Најуспешните добија признанија
Фото: Национал

Вечерва, во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации, на свечена церемонија во Скопје беа прогласени најдобрите спортисти во рамките на 71. избор на „Спортисти на годината 2025“.

По категории спортист на годината е Ален Рустемовски (бокс) со освоено 2. место, сребрен медал на Европското првенство У23 во Ереван, Ерменија, спортистка на годината е Катерина Попева (боди билдинг и фитнес) светска шампионка, 1. место и златен медал на СП во фитнес и бодибилдинг, Санта Сусана, Шпанија, најуспешен спортист со инвалидитет е Андреј Стојановски (пливање) со освоено 6. место на 400 м мешано на Олимписките игри за глуви и наглуви лица, Токио, Јапонија 2025 и најуспешна млада спортистка е Даниела Алексовска (џиу џицу) со освонео 1. место, златен медал на ЕП во мешани боречки вештини, Белград, Србија; 3. место, бронзен медал на СП во мешани боречки вештини, Тбилиси, Грузија.

Најуспешен млад спортист: Адријан Рустемовски (бокс) – 3. место, бронзен медал на ЕП во Ереван, Ерменија.

Најуспешни национални тимови кај жените е Македонската ракометна сениорска репрезентација со учество на квалификации за ЕП 2026 додека кај мажите Македонската одбојкарска репрезентација со освоено 9. место на Европската златна лига и пласман на ЕП 2026.

Најуспешен тренер/селектор: Могамед Ибрагимов (борење) – 5. место на СП во Загреб, Хрватска со Владимир Егоров; 15. место на СП во Загреб, Хрватска со Могомедгаџи Нуров.

Најуспешна национална спортска федерација е Џудо федерацијата на Македонија како организатор на Европско првенство за кадети, Скопје (јуни), Европски куп за јуниори, Скопје (август) и Европски куп за сениори, Скопје (септември)

CATEGORIES
Share This