ШОУ ВО ЛШ – Ждрепката сакаше повторно да се сретнат Реал и Бенфика
Натпреварите од плејофот се закажани за 17/18 и 24/25 февруари.

Ждрепката за 1/16 финалето на Лигата на шампиони донесе повторна пресметка меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Пред неколку дена, португалскиот тим го победи Реал со 4:2 во Лисабон, со гол во последната секунда од голманот Антолиј Трубин, што го чинеше шпанскиот клуб директен пласман во осминафиналето. Сега двата тима ќе се сретнат повторно, а Жозе Мурињо ќе се обиде да извлече уште едно чудо во двомечот.
Меѓу останатите интересни дуели се Борусија Дортмунд – Аталанта и Галатасарај – Јувентус. Од другите парови, се очекува лесен пласман за Интер (против Бодо Глимт), Њукасл (Карабах), ПСЖ (Монако) и Атлетико Мадрид (Клуб Бриж), додека дуелот Олимпијакос – Баер Леверкузен се очекува да биде неизвесен.
Победникот од Борусија (Д) – Аталанта и Олимпијакос – Леверкузен ќе игра против Арсенал, односно Баерн (М). Победникот од Бенфика – Реал Мадрид и Бодо Глимт – Интер ќе се соочи со Спортинг Лисабон или Манчестер Сити. Победникот од Монако – ПСЖ и Карабах – Њукасл ќе игра против Барселона или Челзи. Победникот од Галатасарај – Јувентус и Клуб Бриж – Атлетико Мадрид ќе го одмери силите со Ливерпул или Тотенхем.
Натпреварите од плејофот се закажани за 17/18 и 24/25 февруари.

