ГОЛЕМ ШОК НА ЕУРО – Актуелниот шампион Франција елиминирана од Германија

Германија ја контролираше играта од почеток до крај и обезбеди место меѓу четирите најдобри

ГОЛЕМ ШОК НА ЕУРО – Актуелниот шампион Франција елиминирана од Германија
Фото: Принтскрин

Големо изненадување ја потресе ракометната сцена – актуелниот европски шампион, Франција, нема да игра во полуфиналето откако загуби од Германија со 38:34. Со овој резултат, Германија, заедно со Данска, се пласираа меѓу четирите најдобри екипи во групата.

Французите го отворија првенството со импресивни настапи, победувајќи ги противниците со убедливи разлики и постигнувајќи повеќе од 40 гола во неколку натпревари. Дури ни поразот од Данска не предизвика паника, бидејќи распоредот сугерираше дека патот до полуфиналето ќе минува преку веќе отпишаната Шпанија, а потоа следуваше Германија.

Но потоа следуваше целосен колапс. Прво, Шпанија ги порази Триколорите, а сега и Германија ја однесе победата, принудувајќи го актуелниот шампион да се врати дома многу порано од очекуваното.

Германија ја контролираше играта од самиот почеток, водеше во текот на целото прво полувреме и на паузата замина со резултат 19:15. Во второто полувреме, играта беше изедначена, но Германците го одржуваа водството. До 45-тата минута резултатот беше 26:24, а Французите се обидуваа да направат пресврт.

Во последните десет минути, драмата достигна врвот и Франција се доближи на само еден гол негатива (28:29), а натпреварот се одвиваше гол за гол до самиот крај. Сепак, Германците ја задржаа предноста и ја заокружија една од најголемите сензации на првенството и Европско првенство без Франција во полуфиналето.

CATEGORIES
Share This