СЕДНИЦА НА УСТАВНИОТ СУД – Расправа по 11 иницијативи и барање за заштита на права

Иницијативите ги поднеле граѓани, адвокати, правни субјекти и партии

СЕДНИЦА НА УСТАВНИОТ СУД – Расправа по 11 иницијативи и барање за заштита на права
Фото: Национал

На денешната седница, Уставниот суд ќе разгледува и одлучува по 11 иницијативи за оценка на уставноста и законитоста на различни акти, едно барање за заштита на слободи и права на граѓани, како и усвојување на една конечна одлука и девет нацрт-решенија.

На дневен ред се оспорени одредби од Законот за општата управна постапка, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за судовите, Законот за судскиот буџет, Законот за облигационите односи, како и повеќе правилници и колективни договори.

Судот ќе расправа и за иницијативи поврзани со Законот за железничкиот систем, Законот за јавна чистота, како и за донесување на Детален урбанистички план во Општина Охрид.

Иницијативите ги поднеле физички лица, адвокати, правни субјекти и политички партии.

CATEGORIES
Share This