ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЗДРАВСТВОТО 50.327 ДЕНАРИ – Во март 2026 следува дополнително покачување на платите

Во здравството има реално и номинално зголемување на платите од 2023 до 2025 година

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЗДРАВСТВОТО 50.327 ДЕНАРИ – Во март 2026 следува дополнително покачување на платите
Фото: Архива

Просечната нето плата во здравството во 2025 година изнесува 50.327 денари, што е за околу 9,5% повеќе од просечната плата во целата економија. Платите на медицинските сестри со средно образование се 31.934 денари, а најниската плата во здравството е 27.158 денари, за 11,4% повисока од минималната плата во државата.

Според Фондот за здравствено осигурување, растот на платите во 2025 година е значителен. Најниската плата бележи номинално зголемување од 22,2%, а реално зголемување од 13,4%. Платата на медицинските сестри пораснала номинално за 24,5%, а реално за 15,6%. Просечната плата во здравството е зголемена номинално за 15,8%, а реално за 7,5%.

ФЗОМ нагласува дека со договорот од 2025 година, во март 2026 се предвидува дополнително зголемување на платите во јавното здравство за најмалку 5%, во рамките на предвидениот раст од 5 до 7%. Целта е континуирано соодветно вреднување на трудот на здравствените работници.

CATEGORIES
Share This