БИЗНИС КОНФЕДЕРАЦИЈА – Зголемување на минималната плата за уште 100 евра е голем товар за бизнисот
Минималната плата не смее да се заобиколи без вклучување на Економско-социјалниот совет

Фото: Принтскрин
Претседателот на Бизнис-конфедерацијата, Миле Бошков, порача дека минималната плата не смее да се заобиколи без Економско-социјалниот совет, а дијалогот за економската состојба треба да вклучува сите чинители.
Тој истакнува дека е прифатливо зголемување на минималната плата во март според законот, но дополнителното покачување од 100 евра мора да биде ослободено од социјални придонеси, во спротивно ќе биде голем товар за микро, мали и средни компании.
„Македонската економија може добро да функционира, но потребен е отворен дијалог за насочување на средства, домашно производство и енергија, за да се избегне зависност од надворешна инфлација и трошоци, вели Бошков.
Во Бизнис-конфедерацијата членуваат околу 8.000 компании, претежно микро и мали.
CATEGORIES Бизнис

