ЕВРОПА ИНВЕСТИРА 650 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ВОЕНИ ТРОШОЦИ – Се спремаат за самостојна одбрана до 2030 година
Претседателката на ЕК презема чекори за олеснување на правилата за државен долг за финансирање на одбранбени трошоци

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, презеде мерки за олеснување на правилата за државен долг во ЕУ со цел да обезбеди дополнителни 650 милијарди евра за трошоци за одбрана. Според британскиот „Телеграф“, ова се прави за да се подготват земјите-членки за можно зголемување на безбедносните закани до 2030 година.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави пред Комитетот за одбрана на Европскиот парламент дека времето кога САД носеа главен дел од одговорноста за безбедноста на Европа е завршено и дека е справедливо Европа и Канада да преземат поголема улога во сопствената одбрана.
Рускиот претседател Владимир Путин, во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон, нагласи дека Русија нема намера да напаѓа земји членки на НАТО. Тој оцени дека западните политичари често ја претставуваат Русија како закана за да ги одвлечат граѓаните од домашни проблеми, но дека внимателните набљудувачи тоа го разбираат како неточно.

