ДРУШТВОТО ИЛИНДЕН ЗА ЕРВИС ТАЛУРИ -Го земаа бугарите како дете, го школуваа цел живот и сега го вратија да работи против Македонците
Обвинувањата на Ервис Талури се оценети како тенденциозни и неосновани

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во пропагандната емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство.
Оваа структура одамна нема врска со вистинско пријателство, туку се занимава со манипулација, асимилација и криминални активности. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Република Албанија.
Во емисијата „Студио Actualno Балкани“, Ервис Талури директно ја нападна Македонската алијанса за европска интеграција и нејзиниот претседател. Овие напади се дел од долгогодишната политика на Бугарија за негирање на македонската нација и идентитет.
Ервис Талури, роден во Албанија од татко Албанец и мајка Македонка, по образование целосно финансирано од бугарската држава почнувајќи од средно до докторски студии, денес се враќа во Албанија како „експерт“ за бугарско малцинство, со цел да ги негира Македонците, да ја напаѓа македонската партија и да ја релативизира вистината. Таквите практики, кои потсетуваат на методи од 19 век, се спротивни на европските вредности и основните човекови права.
Јавноста треба да знае дека зад оваа пропаганда стои добро организиран механизам. Друштвото за бугарско-албанско пријателство е поврзано со бизнис со бугарски пасоши, каде од албански граѓани се наплаќаат илјадници евра за „докази за потекло“, лажни потврди и посредување. Овој криминален модел е добро познат и довел до апсења во Бугарија и Албанија, а дел од инволвираните лица се наоѓаат и на меѓународни црни листи.
И покрај сите притисоци, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана ќе продолжи одлучно да се бори против негацијата на македонскиот идентитет од страна на оркестрирани бугарски структури, како во Албанија, така и во европските институции.

