ВАЖЕН ИСТОРИСКИ ДОКУМЕНТ – Објавени писмо и печат на Охридската Архиепископија од XVI век
Сведоштво за дипломатската и духовна моќ на Охридската Архиепископија

Државниот архив на Македонија објави редок историски документ од Охридската Архиепископија. Станува збор за писмо, но најголемата значајност на документот е неговиот печат од XVI век, кој претставува исклучително редок и вреден доказ за историската улога на архиепископијата.
Архивот чува писмо од охридскиот архиепископ Гаврил, испратено до надвојводата Фердинанд Хабсбуршки на 8 октомври 1587 година. Во писмото, архиепископот го бара неговото посредување за помош на Охридската архиепископија и дозвола да отпатува во Рим кај папата Сикст V, со цел да се создаде сојуз за ослободување на христијаните од турското ропство.
Особена вредност на документот му дава оригиналниот печат на Охридската архиепископија од XVI век, кој сведочи за нејзината духовна, политичка и дипломатска улога низ историјата, стои во објавата на Фејсбук страницата на Државниот Архив на Македонија.

