ДЕНЕСКА РАКОМЕТНО ДЕРБИ – Данска и Германија се борат за место меѓу четирите најдобри
Данска влегува со императив победа за да се надева на полуфинале

Фото: Архива
На Европското ракометно првенство 2026, денес ќе се играат натпревари од 4. коло во првата група на Главната фаза. Најголемото дерби е закажано за последниот термин, кога кодомаќинот Данска ќе се сретне со Германија. Данците на овој меч имаат императив да победат, бидејќи секој друг исход веројатно ќе значи крај на нивната сезона и збогување со полуфиналето.
Двојки за денес се Португалија – Норвешка (15:30), Шпанија – Франција (18:00) и Германија – Данска (20:30).
Табела пред денешните натпревари (Група 1 изгледа вака: Германија – 6 бодови (лидер), Франција – 4 бодови, Данска – 4 бодови, Норвешка – 2 бодови, Португалија – 2 бодови и Шпанија – 0 бодови
CATEGORIES Ракомет

