КРАЈ НА ЕВРОПСКАТА ЗАВИСНОТ ОД РУСКИОТ ГАС – ЕУ ја забранува употребата на руски гас од 2027 година
ЕУ ќе престане со увоз на руски LNG до крајот на 2026 година, а увозот преку гасоводи ќе биде прекинат до септември 2027

Министрите на Европската Унија одобрија забрана за увоз на руски гас, која треба да стапи на сила од 2027 година. Одлуката беше усвоена на состанок во Брисел, со цел да се намали зависноста на Европа од руската енергија.
Забраната е изгласана со квалификувано мнозинство, со што се заобиколува отпорот на земјите кои сè уште се зависни од рускиот гас. Како што се очекуваше, Словачка и Унгарија гласаа против, а Будимпешта најави дека ќе ја оспори одлуката пред Европскиот суд на правдата.
ЕУ планира до крајот на 2026 година да престане со увоз на руски течен природен гас (LNG), а увозот преку гасоводи ќе биде прекинат до 30 септември 2027 година. Во исклучителни случаи, рокот може да се продолжи, но не подоцна од 1 ноември 2027 година, ако некоја земја се соочи со проблеми при полнењето на складиштата пред зимата.
Пред почетокот на целосната војна, Русија обезбедуваше над 40% од гасот увезуван во ЕУ. До 2025 година, овој удел ќе се намали на околу 13%.
Со оваа одлука, Советот на Европската Унија ја означува крајната фаза на европската зависност од рускиот гас.

