ГО ИЗМАМИЛА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СИН МУ ВО МВР Му зела 27.000 евра, му вратила 4.500 и го оштетила за 22.500 евра

Како што е пријавено бидејќи ниту една од услугите не била завршена и тој почнал да си ги бара парите по што му биле вратени 4.500 евра, а останал оштетен за 22.500 евра

ГО ИЗМАМИЛА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СИН МУ ВО МВР Му зела 27.000 евра, му вратила 4.500 и го оштетила за 22.500 евра

На 15 април во 10:30 часот во СВР Битола, 64-годишник од Битола пријавил дека во периодот од 15.09.2024 до пријавувањето бил измамен од 41 годишна жена од Битола за сума од 22.500 евра. Пријавената се претставила дека е вработена во МВР и тој во повеќе навртаи и исплатил вкупном 27.000 евра за да му помогне со вработување на неговиот син, да му помогне при купување на стан во Скопје, како и за други трошоци и за адвокати и нотари.

Како што е пријавено бидејќи ниту една од услугите не била завршена и тој почнал да си ги бара парите по што му биле вратени 4.500 евра, а останал оштетен за 22.500 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

CATEGORIES
Share This