ТРАМП ЧЕКА ОДГОВОР ОД ПУТИН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Ако нема прекин на огнот ќе има санкции спрема Русија

Трамп посочи дека Русија има многу поголема армија од Украина и повторно го обвини неговиот претходник Џо Бајден за војната, како што направи неодамна кога ги обвини и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Зеленски

ТРАМП ЧЕКА ОДГОВОР ОД ПУТИН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Ако нема прекин на огнот ќе има санкции спрема Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави денеска дека Вашингтон очекува до крајот на оваа недела да добие одговор од рускиот претседател Владимир Путин за предлогот за прекин на огнот во Украина.

„Ќе го слушнеме нивниот одговор многу скоро, всушност оваа недела. Ние сакаме убиствата да престанат“ – рече Трамп.

Трамп, исто така, повторно зборуваше за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Не сум задоволен со него. Не го обвинувам, но велам дека не ја заврши најдобро работата. Не сум голем обожавател“ – истакна Трамп за Зеленски.

Трамп посочи дека Русија има многу поголема армија од Украина и повторно го обвини неговиот претходник Џо Бајден за војната, како што направи неодамна кога ги обвини и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Зеленски.

Додаде дека САД и Украина може да потпишат договор за природни ресурси најдоцна до 24 април. Според него, договорот овозможува Америка да ги надомести трошоците за воената помош дадена на Киев.

Според Блумберг износот на овој „долг“ бил намален трикратно во текот на преговорите – од 300 милијарди на 100 милијарди долари.

САД се подготвени да воведат нови санкции против Русија доколку Путин не прифати примирје до крајот на април, според извори на Аксиос.

Трамп бил незадоволен од однесувањето на Путин и смета дека тој намерно го одложува преговарачкиот процес, дозна претходно Фокс њуз. Според истите извори, Белата куќа разгледува можност за строги санкции против руската „флота во сенка“. Трамп претходно изјави дека може да воведе тарифи и до 500 отсто за земјите што купуваат руска нафта.

CATEGORIES
Share This