ТРАМП ПРЕДУПРЕДИ – Иран прифати откажување на 800 егзекуции

Иранските власти ја преземаат контролата по крвавите протести во земјата

ТРАМП ПРЕДУПРЕДИ – Иран прифати откажување на 800 егзекуции
Фото: Принтскрин

Белата куќа соопшти дека 800 егзекуции што требаше да се извршат во Иран се откажани откако американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди властите во Техеран да не убиваат демонстранти.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција изјави дека Трамп бил информиран дека „800 егзекуции закажани за вчера се одложени“. Таа додаде дека претседателот внимателно ја следи ситуацијата во Иран.

Ливит истакна дека Трамп и неговиот тим ја предупредиле иранската влада дека ќе има „тешки последици ако продолжат убиствата поврзани со владината репресија“.

Трамп изјави дека му било кажано оти бројот на убиствата во Иран се намалува и дека верува дека моментално нема план за масовни егзекуции, иако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи.

„Ќе бидеме многу вознемирени ако егзекуциите продолжат“, рече тој,

Трамп не ја исклучува можноста за воена акција истакнувајќи дека американската администрација добила „многу охрабрувачка порака“ од Иран.

Протестите во Иран започнаа на 28 декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал. На 8 јануари, по повикот на Реза Пахлави, синот на соборениот шах, маршевите се интензивираа низ целата земја.

Истовремено, интернетот беше исклучен, а во неколку градови протестите прераснаа во судири со полицијата, придружени со скандирања против политичкиот систем. При судирите имало жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите.

На 12 јануари, иранските власти, обвинувајќи ги САД и Израел за организирање на немирите, соопштија дека ситуацијата е ставена под контрола.

CATEGORIES
Share This