ЕП ВО РАКОМЕТ – Отвораат Македонија и Данска, судиите од Молдавија

ЕП ВО РАКОМЕТ – Отвораат Македонија и Данска, судиите од Молдавија

Македонската ракометна репрезентација во првото коло на Европското првенство ќе се сретне со ко-домаќинот Данска. Европската ракометна федерација веќе ги назначи судиите за овој дуел.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија ќе се игра на 16 јануари (петок) во Хернинг со почеток од 20:30 часот, а за негово судење ќе бидат задолжени браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија.

CATEGORIES
Share This