МОСКВА НЕ ПОПУШТА ПОД ПРИТИСОК: Путин не издава нови наредби за мораториумот
Претседателот на Русија, Владимир Путин, нема издадено нови наредби во врска со мораториумот на нападите на енергетските капацитети во Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, нема издадено нови наредби во врска со мораториумот на нападите на енергетските капацитети во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Други наредби од врховниот командант засега нема – изјави Песков пред новинарите и додаде дека во моментов нема контакти со странски актери за понатамошната судбина на мораториумот.
Тој посочи дека секојдневно пристигнуваат информации дека Киев го прекршува овој мораториум.
„Постојано добиваме информации за тоа како режимот во Киев секојдневно го прекршува овој мораториум, поточно продолжува да не го почитува овој мораториум, продолжува да ги напаѓа руските енергетски инфраструктурни објекти. Ги доставуваме овие информации до сите заинтересирани земји – рече портпаролот.
Русија, рече тој, на сите заинтересирани земји им дава информации за тоа како Киев го прекршува мораториумот. Мораториумот беше прогласен на 18 март во траење од 30 дена. Рокот истекува денеска.
Портпаролот на Кремљ рече дека Русија е отворена за соработка со секој што тоа го сака.
„Русија ја развива соработката со сите земји од Персискиот залив – рече Песков.
Да потсетиме, емирот на Катар денеска престојува во Москва. Според Песков, Путин не разговарал со емирот Тамим ал Тани за ситуацијата во Украина, но изразил благодарност за помошта на земјата во спроведувањето на размената на воени заробеници со Украина.
Портпаролот зборуваше и за односите со Вашингтон.
„Контактите со САД продолжуваат – рече Песков.


