ЗАХАРОВА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО БЕРЛИН Русија е во војна со Германија ако Киев користи германски ракети Таурус
Москва ќе го смета нападот на ракетите Таурус врз која било руска цел како учество на Берлин во воените операции на страната на Киев. Сето тоа ќе се смета за директно учество на германската армија во воените дејствија на страната на режимот во Киев со сите последици што произлегуваат за Германија

Стигна реакција од Москва по најавата од идниот германски канцелар Фридрих Мерц дека Германија може да и достави на Украина ракети Таурус. Според Мерц, тоа мора да се договори со европските партнери.
Во руската реакција на изјавата на Мерц пренесена од Марија Захарова се вели:
„Москва ќе го смета нападот на ракетите Таурус врз која било руска цел како учество на Берлин во воените операции на страната на Киев. Сето тоа ќе се смета за директно учество на германската армија во воените дејствија на страната на режимот во Киев со сите последици што произлегуваат за Германија – нагласи Захарова.
Захарова уште нагласи дека дури и ако ракетите бидат префрлени во Украина, тие сепак ќе бидат контролирани од Германија, што значи дека Берлин директно ќе учествува во конфликтот.
„Бидејќи истрелувањето на овие крстосувачки ракети е невозможно без директна помош на војниците на Бундесверот, удар врз какви било руски објекти, критична транспортна инфраструктура… сето тоа ќе се смета за директно германско учество во воените операции“ – рече Захарова.
Канцеларот во заминување Олаф Шолц постојано ја блокираше испораката на ракетите Таурус поради страв од ескалација. Мерц ја критикуваше политиката, тврдејќи дека на Украина треба да и се дадат средства за удар на стратешко ниво.
Претходно оваа недела, во интервјуто на 13 април, Мерц изјави дека, доколку бидат испорачани, ракетите со долг дострел би можеле да се искористат за цел на стратешката руска воена инфраструктура во окупираниот Крим.
Како одговор, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го нарече идниот канцелар нацист кој се обидува да ги следи стапките на неговиот татко кој служел во Вермахтот на Хитлер. „Размисли двапати, нацист“, напиша Медведев на X.
Амбасадорот на Русија во Германија, Сергеј Нечаев, исто така предупреди дека иако испораката на ракети Таурус во Украина нема да ја промени ситуацијата на бојното поле, тие би можеле да доведат до ескалација на конфликтот и да ја испровоцираат Москва да преземе одмазднички мерки.
Украина досега добила американски ракети „ATACMS“, британски „Storm Shadow“ и француски „SCALP“, кои ги користела против руските позиции на окупираните територии и во пограничните области на Русија.


