ДИСКОТЕКАТА ПУЛС ОДЗЕДЕ УШТЕ ЕДЕН ЖИВОТ Во Воено медицинската академија во Белград почина 24-годишниот Стојанче

Денеска министерството за здравство информираше дека по добиените информации од Воено Медицинската Академија во Белград, претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

ДИСКОТЕКАТА ПУЛС ОДЗЕДЕ УШТЕ ЕДЕН ЖИВОТ Во Воено медицинската академија во Белград почина 24-годишниот Стојанче

Денеска министерството за здравство информираше дека поп добиените информации од Воено Медицинската Академија во Белград, претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба. Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани“, се вели во соопштението.

CATEGORIES
Share This