РЕАЛ ВЕЧЕРВА НАЈАВУВА ЧУДО Подготвува изненадување за Арсенал за преокренување на резултатот
Реал Мадрид загуби од Арсенал во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со 0:3, а вечерва од 21:00 часот ќе се обиде да го преокрене тој резултат и да се пласира во полуфиналето на натпреварувањето

Реал Мадрид загуби од Арсенал во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со 0:3, а вечерва од 21:00 часот ќе се обиде да го преокрене тој резултат и да се пласира во полуфиналето на натпреварувањето. Шпанските медиуми шпекулираат со составот со кој Карло Анчелоти ќе ја започне средбата за изнендување.
„Најголемата непознатост е Валверде, од неговото учество зависи изгледот на остатокот од тимот. Ако игра на позиција бек, во тимот би влегол Модриќ, а ако игра во средината, би почнал Лукас Васкес. На левиот бек ќе биде Фран Гарсија. А, Тчуамени се враќа по суспензија – пишува АС,”
“Валверде е тој што го условува сѐ. Впрочем, остатокот од тимот е речиси отворена тајна,” се додава во текстот и нагласува дека неговата позиција влијае на две линии и дури на три имиња. “Ако игра како десен бек, позицијата во средината на теренот би била за Модриќ, можеби и Себаљос, но тој е без натпреварувачки ритам и тешко е да се верува дека ќе започне од првата минута. Меѓутоа, ако игра во средината, одговорноста за десен бек ќе мора да ја преземе Лукас Васкес.”
„Фран Гарсија би можел да ја добие шансата на кариерата, бидејќи Давид Алаба не ги исполни очекувањата како лев бек во Лондон, а потоа поради претовареност го пропушти гостувањето кај Алавес. Фран Гарсија носи брзина и продорност по левата страна, но ќе мора и да го чува Букајо Сака – пишува Марка.
Потенцијалниот состав на Реал би можел да изгледа вака:
Куртоа, Валверде, Асенсио, Ридигер, Фран Гарсија, Чуамени, Камавинга, Белингем, Родриго, Винисиус, Ембапе.


