ЖИВИ АКЦЕНТИ И ШАРЕНИ ПЕРНИЦИ Тајната на трендовската спална 2026
Збогум на стерилниот изглед и внесете живи бои во спалната

Ако размислувате за уредување на вашиот дом во 2026 година, дизајнерите на ентериер советуваат да се избегнуваат одредени бои и дезени на постелнина кои веќе излегуваат од мода.
Дизајнерката Меган Џеј објаснува дека едноставните нијанси како сива и бела можат да го направат просторот студен и досаден. Наместо тоа, препорачува посветли и живи тонови како теракота или портокалова, кои ќе ја оживеат спалната. Дури и мали акценти во овие бои можат да создадат свеж изглед.
Постелнина во иста нијанса – чаршафи, перници и ќебиња се веќе надминати. Подобро е да комбинирате различни бои, бидејќи монохроматските палети веќе не се тренд.
Темните, земјени нијанси се советува да се избегнуваат, бидејќи можат да го направат просторот премногу тежок и да создадат есенско, меланхолично чувство.
Постелнината со многу дезени може да го преоптовари просторот. Ако сакате дезени, подобро е да се користат декоративни перници со шарени мотиви кои се вклопуваат со останатите бои во просторијата, создавајќи кохезивен и избалансиран изглед.


