ПО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ Сиљановска-Давкова најави предлог на две жени за нови членки

Една професорка и една адвокатка со голем углед во општеството

ПО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ Сиљановска-Давкова најави предлог на две жени за нови членки
Фото: Принтскрин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова најави дека ќе предложи две жени, реформаторки, за нови членови на Судскиот совет. Изјавата ја даде во вечерашното новогодишно интервју за првиот канал на Македонската телевизија.

Според нејзините зборови, едната кандидатка е професорка, а другата адвокатка, и двете се личности со голем углед во општеството.

Најавата следува еден ден откако Собранието го усвои новиот Закон за Судски совет. Сиљановска-Давкова истакна дека го чекала донесувањето на законот за да ги предложи кандидатите според новите, построги критериуми утврдени со законското решение.

Таа не открива имиња, но најави дека ќе го стори тоа пред предложените кандидати да стигнат во Собранието.

CATEGORIES
Share This