ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИДСКО Почуствуван на подрачјето Пештани-Охрид-Струга
Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека земјотресот бил со магнитуда 2.8

Фото: Принтскрин
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија доцна вечерва во 22:06 часот регистрираше земјотрес, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 километри југозападно од Скопје. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 2.8.
Според досегашните податоци, потресот бил почувствуван во Охрид и неговата поширока околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета или за повредени лица.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


