БАЧЕВ: ВРЕМЕ Е ЗА НАЦИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ – Државјанство за Македонците од цел свет по потекло

Готов закон веќе постои и потребна е само политичка волја

БАЧЕВ: ВРЕМЕ Е ЗА НАЦИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ – Државјанство за Македонците од цел свет по потекло
Фото: Фејсбук

Професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев на социјалната мрежа фејсбук повторно го отвори и прашањето за можноста за стекнување македонско државјанство по автоматизам. Бачев нагласува дека во Собранието веќе постои подготвен законски текст, поднесен од политичката партија Единствена Македонија во 2021 година, со кој се предвидуваат измени и дополнувања на Законот за државјанство. Со предложените измени би се овозможило Македонците по потекло од целиот свет да стекнат македонско државјанство преку т.н. „исклучителна натурализација“, без дополнителни услови, освен основниот и најважен – да се биде Македонец.

Тој додава дека ова прашање е од исклучително значење, имајќи предвид дека огромен број Македонци живеат надвор од границите на државата, а нивната поврзаност со татковината мора да биде институционално признаена и заштитена.

„Во овие тешки времиња, како народ имаме обврска да покажеме одговорност, зрелост и национална грижа за нашите браќа и сестри – Македонци и Македонки ширум светот“, – пишува Бачев на Фејсбук.

Подолу го имате целосниот текст на професорот Бачев на фејсбук како и предлог-законот на Единствена Македонија од 2021 година.:

CATEGORIES
TAGS
Share This