ДО 16 ЧАСОТ – Граничниот премин Ники затворен за товарен сообраќај

Возачите на камиони се советуваат да користат алтернативни премини кон Грција

ДО 16 ЧАСОТ – Граничниот премин Ники затворен за товарен сообраќај
Фото: Принтскрин

Грчкиот граничен премин Ники, поврзан со македонскиот Меџитлија, денеска е затворен за сообраќај на сите товарни возила.

Затворањето започна во 10:00 часот и ќе трае до 16:00 часот.

Возачите на камиони се советуваат да го прилагодат патувањето или да користат алтернативни премини кон Грција.

CATEGORIES
Share This