ДУРИ 18.318 ПРЕКРШОЦИ РЕГИСТРИРАНИ ВО ДЕКЕМВРИ – Брзината и алкохолот најчести прекршоци
МВР апелира до граѓаните за почитувајте на сообраќајните правила за побезбедни патишта

Во периодот од 1 до 28 декември 2025 година, во рамки на редовните сообраќајни контроли, полициските службеници на сите сектори за внатрешни работи регистрирале вкупно 18.318 прекршоци на патиштата низ земјава.
Од нив, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
За безобзирно управување на возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик, лишени од слобода биле 123 лица и тоа 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 7 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 3 за возење во забранет правец.
Според статистиката за месец декември 5.018 прекршоци се за неправилно паркирање, 1.843 мерки за возачи без возачка дозвола и 679 санкции за возење под дејство на алкохол.
Дополнително 18 мотоциклисти санкционирани за неносење заштитен шлем, 415 пешаци санкционирани за прекршоци, 1.046 учесници во сообраќајот за непочитување на сигурносен појас, 322 возила отстранети од сообраќај поради нерегистрираност, 172 возила поради техничка неисправност и 101 возач санкциониран поради прекршување на правилата за затемнување на стаклата на возилата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да придонесеме за побезбедни патишта.


