РОНАЛДО СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО РЕКОРД ОД 1000 ГОЛОВИ – Досега постигна 956 голови
Досега има 814 клупски и 142 гола за репрезентацијата на Португалија.

Фото: Принтскрин
Кристијано Роналдо ја зголеми својата импресивна голгетерска бројка на 956 голови во кариерата, откако денеска во дресот на Ал Наср двапати се запиша во листата на стрелци во убедливата победа од 3:0 против Ал Охдод.
40-годишниот Португалец го отвори резултатот во 31-та минута со прецизен удар од близина, а потоа во судиското продолжение на првиот дел постигна спектакуларен гол со пета од внатрешноста на шеснаесетникот.
Со овие голови, Роналдо сега има 814 клупски и 142 за репрезентацијата на Португалија, продолжувајќи со големите чекори кон легендарниот рекорд од 1000 постигнати голови во кариерата.
CATEGORIES Фудбал


