МЕЃУНАРОДНА ТЕНЗИЈА – ЕУ и Иран со остра реакција и осуда на Израел за признавањето на Сомалиленд

Израел го потпиша историскиот договор со самопрогласената република Сомалиленд додека Сомалија ја осудува одлуката како „агресија против суверенитетот“

МЕЃУНАРОДНА ТЕНЗИЈА – ЕУ и Иран со остра реакција и осуда на Израел за признавањето на Сомалиленд
Фото: Фејсбук

Израел стана првата земја во светот што формално ја призна Сомалиленд како независна и суверена држава, повеќе од 30 години по нејзиното прогласување независност од Сомалија.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, рече дека декларацијата „е во духот на Аврамските договори“ од 2020 година, потпишани на иницијатива на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, кои вклучуваа воспоставување дипломатски односи со ОАЕ и Бахреин.

Нетанјаху, заедно со министерот за надворешни работи Гидеон Сара и претседателот на Сомалиленд, потпишаа заедничка декларација за меѓусебно признавање. Претседателот на Сомалиленд, Абдулахи, истакна дека ова е чекор кон регионален и глобален мир, како и кон градење партнерства, зајакнување на просперитет и промовирање стабилност.

Со реакција се јави Сомалија која го осуди потегот како „нелегален чекор“ и „напад“ врз суверенитетот. Владата најави дека ќе преземе дипломатски, политички и правни мерки за заштита на своите граници.

Советот за безбедност на ООН ќе одржи итна седница во Њујорк додека Европската Унија побара почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сомалија и охрабри дијалог меѓу Сомалиленд и Сојузната влада.

Се огласи им Иран со осуда оценувајќи дека потегот на Израел има за цел дестабилизација на регионот, кршење на меѓународното право и Поттикнување на фрагментација на Сомалија. Портпаролот на иранското МНР изрази поддршка за ставовите на Организацијата за исламска соработка и Африканската унија.

Инаку, Сомалиленд се отцепи од Сомалија во 1991 година по граѓанската војна. Иако воспостави влада, валута и парламент, никогаш не беше признаена од ООН или од друга држава. Израел е првата земја што официјално ја призна како независна држава.

CATEGORIES
TAGS
Share This