ИНСПЕКЦИЈАТА ПОТВРДИ ДЕКА НЕМАЛО САЛА И СТЕНТОВИ НА КАРДИОХИРУРГИЈА Пациентот почина, Таравари најави одговорност

Симптоматично е што за така сериозна дијагноза нема сала и стентови на државната кардиохирургија. Ако дојде денеска пациент со таква дијагноза, каде ќе се оперира

ИНСПЕКЦИЈАТА ПОТВРДИ ДЕКА НЕМАЛО САЛА И СТЕНТОВИ НА КАРДИОХИРУРГИЈА Пациентот почина, Таравари најави одговорност

Државниот здравствен и санитарен инспекторат по спроведената инспекција во врска со смртта на 57-годишниот Тони Ангелковски, го потврди тврдењата на семејството дека ангиографската сала што му била потребна на пациентот не работела еден месец и на клиниката немало стент-графтови. Освен што немало сала и стентови на Кардиохирургија, истите ги немало ни на Торакалната клиника. Пациентот почина.

„Во декурзус и отпусно писмо стои евидентирано дека една од процедурите која била во опција за третман на пациентот е TEVAR,- торакална ендоваскуларна аортна реконструкција но во моментот на клиниката имало недостаток на стентови за таква интервенција а ангиографската сала во која се извдуваат такви интервенции е во градежен зафат заради поставување компјутер. Поради причините наведени погоре, издаден е упат за ЈЗУ УК за за Торакална и васкуларна хирургија Скопје, но добиен е извештај дека кај нив нема можност за изведување на ендоваскуларен третман поради поправка на дел од ангиографот, а и не се изведуваат интервенции на торакална аорта туку само васкуларни процедури на абдоминална аорта, а уште повеќе што не располагале ниту со TEVAR стент графтови, се вели во информацијата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат по извршената инспекција. 

ДСЗИ сега бара министерот за здравство Арбен Таравари да формира стручна комисија за надзор за да се испита стручното работење на здравствените работници. Министерот  Таравари пак, вчера изјави дека „имало сала на Кардиохирургија“ а денеска дека „допрва ќе го прочита извештајот од ДСЗИ“. Во самиот извештај на ДСЗИ пишува дека сала немало и нема да ја има најмалку до 15 мај.

Уште еднаш ќе повторам, аневризма на аорта е сериозна дијагноза. Уште не сум го прочитал извештајот од ДСЗИ, сега одам во Министерство за здравство да го видам извештајот. Ќе треба да има и стручна комисија веднаш, да се констатира. Според моите информации едната сала работела – повтори Таравари денеска.

Симптоматично е што за така сериозна дијагноза нема сала и стентови на државната кардиохирургија. Ако дојде денеска пациент со таква дијагноза, каде ќе се оперира?

-Одговорност ќе има, ако имало пропусти – рече Таравари. 

CATEGORIES
TAGS
Share This