БЕЛГРАД СЕ СЕЌАВА НА ЗАФИР ХАЏИМАНОВ – Интимен концерт во КИЦ

Интимен концерт со Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов ќе ги оживее незаборавните моменти од животот и делото на бардот

БЕЛГРАД СЕ СЕЌАВА НА ЗАФИР ХАЏИМАНОВ – Интимен концерт во КИЦ
Фото: Принтскрин

Концерт во чест на бардот на македонската музика, Зафир Хаџиманов, ќе се одржи утревечер во 19 часот во Културно-информативниот центар во Белград. Настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров, кој со краток осврт ќе говори за значењето на културата на сеќавање на Хаџиманов и за богатото културно наследство што го остави зад себе како во македонската, така и во српската култура.

„Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика“, знаеше често да каже Зафир Хаџиманов во своите интервјуа за српските и македонските медиуми – мисла што најдобро ја отсликува неговата уметничка и човечка мисија.

Вечерта посветена на Хаџиманов ќе започне со внимателно одбрани музички инсерти и проекција на фотографии, меѓу кои и неколку што за првпат ќе бидат јавно претставени. Програмата ќе продолжи со интимен концерт во негова чест, на кој ќе настапат неговите најблиски – Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов.

Портретот на Зафир Хаџиманов е инициран и организиран од Македонскиот КИЦ во Белград, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

CATEGORIES
Share This