ВУЧИЌ ОД 2013 ГОДИНА ИЗГРАДИЛ 623 КИЛОМЕТРИ ПАТИШТА – Повеќе автопати отколку од 1945 до 2012

Автопатите и брзите сообраќајници остануваат фокус и во наредниот период

ВУЧИЌ ОД 2013 ГОДИНА ИЗГРАДИЛ 623 КИЛОМЕТРИ ПАТИШТА – Повеќе автопати отколку од 1945 до 2012
Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, свечено пушти во сообраќај нова делница од Моравскиот коридор, дел од автопатот Појате-Прељина, во должина од 14,3 километри, од клучката Врњачка Бања до Краљево. Со оваа делница, градот на Ибар конечно е поврзан со европската мрежа на автопати.

Бројките најдобро покажуваат колку и како се работело. Отворањето на новата делница од Моравскиот коридор е дел од поширокиот инвестициски циклус за изградба на автопати и брзи сообраќајници во Србија.

Според официјалните податоци, од 1945 до 2012 година во Србија биле изградени вкупно 596 километри автопати. Наспроти тоа, од 2013 година до денес, во периодот кога на власт е Српската напредна странка предводена од Александар Вучиќ, изградени се 623 километри автопати, вклучително и Моравскиот коридор.

Покрај веќе изградените делници, во моментов се градат уште 394 километри автопати и брзи сообраќајници, додека во план е изградба на дополнителни 936 километри.

Приложениот графикон јасно ги прикажува промените и динамиката на развојот на патната инфраструктура во Србија, со акцент на периодот на владеење на претседателот Александар Вучиќ и Српската напредна странка.

CATEGORIES
TAGS
Share This