СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД БАНКА ВО СОЛУН Предизвикана голема материјална штета

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД БАНКА ВО СОЛУН Предизвикана голема материјална штета

Силна експлозија што се случи во текот на ноќта пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун предизвика значителна материјална штета на околните објекти и на неколку паркирани возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Според првичните информации, во експлозијата нема повредени лица, а настанот се случил без претходно упатено предупредување или најавен повик до надлежните служби.

Државната телевизија „ЕРТ“ објави дека детонацијата била исклучително силна и се слушнала на растојание поголемо од еден километар. Најмалку седум паркирани автомобили, како и објекти во непосредната околина, претрпеле оштетувања.

На местото на настанот веднаш интервенирале полициски екипи, а во тек е истрага на грчката полиција и на специјалниот оддел за деактивирање на експлозивни направи, кои ги испитуваат околностите и можните причини за експлозијата.

CATEGORIES
Share This