ТЕХНИЧКА АКТИВНОСТ НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА Дел од Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од општина Кисела Вода.
Без струја, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ќе останат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ бр.14, односно потегот кон објектот со куќен број 30.
Прекинот е поради планирани технички активности на електродистрибутивната мрежа.
CATEGORIES Македонија


