ГЕНЕРАЛ НА ПУТИН УБИЕН ВО АВТОМОБИЛСКА ЕКСПЛОЗИЈА – Официјално обвинување кон Украина
Генералот Сарваров бил извлечен од возилото, но подоцна починал во болница од сериозните повреди

Рано утрово, автомобилот на рускиот генерал-полковник Фанил Сарваров експлодираше на улицата Јасенаваја во Москва, околу 7 часот. Сарваров беше жив кога спасувачите пристигнаа, но бил заробен во возилото по експлозијата и им требаше време да го извлечат. По извлекувањето, итно бил префрлен во болница, каде што подоцна починал.
Фотографиите од внатрешноста на автомобилот покажуваат сериозни последици од експлозијата: скршено седиште и видливи траги од крв на ткаенината. Според извори, за време на експлозијата, телото на Сарваров било пробиено со бројни куршуми, што предизвикало фрактури и сериозни повреди на главата.
Портпаролката на Рускиот истражен комитет, Светлана Петренко, потврди дека:
„Поради повредите, почина генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили.“
Според првичните податоци, Сарваров тргнал на работа околу 6:50 часот, се качил во својот автомобил „Киа Соренто“ на паркингот, за кој се сомнева дека бил подготвен со експлозивна направа. Автомобилот експлодирал неколку секунди по почетокот на возењето.
Петренко, по потврдувањето на смртта, ја обвини Украина за атентатот, но официјален Киев сè уште не дал коментар.


