МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА СМИРУВА – Нема криза, државата има резерви на мазут

Барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница

МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА СМИРУВА – Нема криза, државата има резерви на мазут
Фото: Национал

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска изјави дека нема да има криза во снабдувањето со енергенси, бидејќи државата располага со резерви на мазут. Таа додаде дека барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница.

„ЕСМ поднесе писмо до Владата кое ќе биде разгледано утре. Гарантирам дека граѓаните нема да почувствуваат никакви проблеми, бидејќи резервите на државата ќе обезбедат снабдување со мазут дури и ако се јават потешкотии при увоз од Грција, изјави Божиновска.

Министерката исто така информира дека се очекува до крајот на неделата МЕПСО да го финализира изборот на фирмата што ќе ја гради далекуводната врска со Албанија и да се потпише договорот.

Сè е подготвено, останува само официјалниот потпис. Имаме билатерални разговори и со Србија за заеднички дел од проектот, кој треба да се заврши до крајот на 2027 година и да овозможи транзит Грција – Македонија – Србија, рече Божиновска.

Таа додаде дека поврзувањето на енергетските пазари е предвидено за 2027 година, и дека во 2026 година сè уште нема да има интеграција на пазарите кај ниту една членка на Енергетската заедница.

CATEGORIES
TAGS
Share This