КРАЈ НА ДИЛЕМИТЕ Станковиќ повторно тренер на „црвено-белите“
Станковиќ се враќа на „Маракана“ по заминувањето од Спартак Москва

47-годишниот Дејан Станковиќ, кој неодамна ја напушти функцијата главен тренер на руски Спартак Москва, утре и официјално треба да биде претставен како нов тренер на белградска Црвена Звезда.
Како што пренесува „Моцарт Спорт“, Станковиќ во понеделник ќе пристигне во Белград, каде ќе потпише договор со важност од две и пол години.
Во меѓувреме, актуелниот тренер на „црвено-белите“, Владан Милојевиќ, не се појави на прес-конференциите ниту во петокот пред дуелот со Младост Лучани, ниту по натпреварот во саботата, што дополнително ги засили шпекулациите дека повеќе не ја извршува тренерската функција. Црвена Звезда во моментов се наоѓа на второто место на табелата во српското првенство.
Станковиќ веќе еднаш го наследи Милојевиќ во декември 2019 година, по завршувањето на првата половина од сезоната, и го водеше клубот до август 2022 година. За време на неговиот мандат, Црвена Звезда освои три титули во српското првенство и два трофеи во Купот на Србија.


