СВИРЕЖИ И ИНСТАГРАМ Винисиус во војната со навивачите на Реал

Бразилецот ја поттикна расправијата со навивачите по замената

СВИРЕЖИ И ИНСТАГРАМ Винисиус во војната со навивачите на Реал
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид продолжува да го поддржува својот фудбалер Винисиус Жуниор, кој беше исвиркан од навивачите во победата над Севиља (2:0) во 17. коло од Ла Лига, објави „Ас“.

Клубот ја цени посветеноста и трудот на Бразилецот на теренот, но признава дека во последно време не е во најдобра форма. Како решение, се разгледува кратка пауза за Винисиус, за да се наполни ментално и да ја врати мотивацијата пред втората половина од сезоната.

Да потсетиме, Винисиус Жуниор повторно беше во центарот на вниманието, овојпат поради објава на Инстаграм, наместо на теренот на „Сантијаго Бернабеу“. По натпреварот со Севиља, Бразилецот беше заменет во 83. минута и дел од публиката го пречека со свирежи. Лут поради реакцијата, тој веднаш ја смени профилната фотографија на Инстаграм, отстранувајќи ја сликата со дресот на Реал и ставајќи фотографија од настап во бразилскиот дрес.

Промената беше толку брза што во неговите Инстаграм приказни сè уште се гледаше старата слика. Дополнително, објави две фотографии од натпреварот против Севиља, придружени со три точки, што уште повеќе ги разгоре тензиите со навивачите.

Односот на Винисиус со публиката и тренерот Чаби Алонсо е напнат уште од Ел Класико, кога неговите гестикулации кон тренерот предизвикаа реакции. Свирежите против Севиља покажуваат дека незадоволството продолжува, а новиот договор со клубот сè уште е на чекање.

Во досегашниот дел од сезоната 2025/26, Винисиус постигна пет гола и забележа осум асистенции на 24 натпревари.

CATEGORIES
Share This