ДЕНЕСКА КОНГРЕС НА ДУИ – Обнова на партиските структури и визија за иднината
Арбр Адеми најави реорганизација и обновување на партиските структури

Фото: Принтскрин
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје го одржува својот петти конгрес.
Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми, на прес-конференција по завршувањето на локалните избори најави дека на конгресот ќе се реорганизираат и ќе се обноват партиските структури.
По минатомесечната седница на Советот на ДУИ, беше соопштено дека конгресот ќе има значајна улога во дефинирањето на идниот политички, организациски и програмски правец на партијата.
„Конгресот претставува клучен процес за јасно определување на политичката визија, зајакнување на внатрепартиските демократски механизми и подготовка на структурите за новите предизвици“, соопшти ДУИ.
CATEGORIES Македонија


